Рускиот претседател Владимир Путин денеска објави дека земјата постепено ги ублажува мерките за ограничувања воведени поради пандемијата на коронавирус, и покрај тоа што во земјата има над 200 илјади заболени и тој број секојдневно расте.
Путин рече дека неработните денови прогласени поради епидемијата завршуваат на 12 мај, но дека шефовите на регионите ќе имаат право самостојно да одлучуваат за режим на карантин, во зависност од епидемиолошката ситуација.
Тој рече дека Русија го зголемила бројот на тестирања и оти благодарение на претходно преземените мерки се спасените илјадници животи.
За лицата постари од 65 години и за оние со хронични болести, режимот на ограничувања ќе биде задржан, а масовните собирања и понатаму се забранети.
Русија е на трето место по бројот на заболени, по САД и Шпанија.