Новиот сет мерки за кои размислува Владата главно ќе бидат насочени да ја поттикнат приватната потрошувачка за да им се помогне на одредени сектори и индустрии, објави министерката за финансии, Нина Ангеловска, на својот официјален Фејсбук профил.
„Периодот за опоравување на економијата доаѓа, а со него и потребата за нови мерки кои ќе бидат катализатор за побрзо враќање во нормала. Се зборува за повеќе мерки, во главно насочени кон: поттикнување на приватната потрошувачка, со акцент на домашната понуда за поттикнување и помагање на одредени сектори и индустрии, како и поддршка на нови процеси и технологии за зголемување на конкурентноста на домашните компании“, напиша министерката.
- Туристичкиот сектор бара обештетување за да ја преживее годината
- Дали ќе има олеснување на мерките против коронавирусот?
Според неа, од особено значење за амортизирање на економскиот удар е и подобра реализација на капиталните инвестиции.
„Реализацијата на капитални расходи заклучно април е за 15 отсто повисока од лани, не сметајќи ја реализацијата на Јавното претпријатие за државни патишта, кое исто така има одлична реализација“, објави Ангеловска.