Американски експерт тврди дека вирусот нема да исчезне долго време

илустрација

Еден од врвните американски експерти за јавно здравство вели дека новиот коронавирус ќе биде присутен долго време, и покрај изјавата на претседателот Доналд Трамп дека инфекцијата ќе „помине без вакцината“. Д-р Том Инглесби оцени дека е веројатно оти досега е заразен само мал процент од населението, „така што мнозинството сè уште е подложно на тој вирус“. Инглесби е директор на Центарот за здравствена безбедност на медицинскиот факултет „Џон Хопкинс“.

Државите кои ги олеснија мерките, стравуваат од нови кластери заболени

Тој рече дека станува збор за „навистина страшен вирус“, и оти во Соединетите држави не се тестираат доволен број на луѓе, ниту пак се бараат контакти на оние што се тестирани позитивно. Инглесби предупреди на опасноста од повторно што ќе доведе до зголемена „социјална интеракција, побрзо ширење на вирусот и повеќе заразени луѓе“. Реагирајќи на тврдењето на Трамп дека вирусот „едноставно ќе исчезне“, Инглесби рече: „Не, овој вирус нема да исчезне. Да сенадеваме дека ќе научиме да живееме со него и ќе можеме да го намалиме ризикот од пренесување и сè додека немаме вакцината “.