Министерството за надворешни работи потврди дека преку вршителот на работи во амбасадата во Белград упати извинување до српските власти во врска со грешката направена во АД „Пошта на Северна Македонија“, истакнувајќи дека е направен ненамерен дизајнерски пропуст за којшто веќе се преземени соодветни чекори. Донесени се одлуки за повлекување од употреба на спорната поштенска марка и поништување на целокупниот тираж, како и одлука за разрешување на раководителот на Бирото за филателија и одлука за разрешување на Советот за поштенски марки.
Протестна нота од Србија за македонската поштенска марка со грешна карта на Хрватска
Беше пренесено и официјалното извинување од страна на АД „Пошта на Северна Македонија“ во кое се изразува жалење за ненамерната грешка и техничките пропусти при објувувањето на марката. Министерството за надворешни работи недвосмислено и децидно отфрла каква било поврзаност со овој немил настан, изразувајќи жалење до сите засегнати страни, на граѓаните во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.