Србија со протестна нота до ЕУ поради преставувањето на Никола Тесла како Хрват

Архивска фотографија- српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија испратила протестна нота до еврокомесарката за иновации, истражувања во културата, образование и млади, Марија Габриел, откако на веб страната на Европската унија беше објавено дека Никола Тесла е Хрват, јави дописникот на МИА од Белград.

„Јас неколку пати повторував, дека ако Никола Тесла живееше во Југославија (за време на Втората светска војна), тој ќе завршеше во концентрациониот логор Јасеновац“, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.

Вчера реагираше и министерот за култура и информации, Владан Вукосављевиќ, кој изјави дека се надева оти институциите на ЕУ ќе и се извинат на српската јавност и дека таа „непримерна грешка“ ќе биде исправена без одлагање.

Тој додаде дека му е особено жал што е тоа се наоѓа на официјалната веб-страница на ЕУ, која, како што вели, „барем декларативно се залага за вистински историски погледи и политика на разбирање и взаемно почитување меѓу државите и народите во Европа.