Денот на Победата над фашизмот одбележан со парада во Белорусија

Минска- Белорускиот претседател Александар Лукашенка ја следи церемонијата по повод Денот на победата над фашизмот, 09.05.2020

Илјадници луѓе се собраа денеска во Минск, главниот град на поранешната советска република Белорусија на воена парада по повод одбележувањето на 75 годишнината од победата над нацистичка Германија и покрај пандемијата од коронавирусот.

Белорусија е единствената европска земја која не спроведува рестриктивни мерки на движење поради вирусот, а долгогодишниот претседател Александар Лукашенка ја нарече пандемијата „психоза“ и покрај тоа што во земјата има над 21 000 потврдени случај на коронавирус.

Тој денеска рече дека Белорусија го одбележува овој значаен ден во тешки времиња. На парадата на која учествуваа илјадници луѓе меѓу кои и официјални лица, како што се гледа од снимките не носат маски. Лукашенка, претходно неделава ги повика лидерите од другите земји да присуствуваат на парадата во Минск.