Разликите меѓу членките на Советот за безбедност на Обединетите нации продолжуваат да го блокираат напредокот за можна резолуција на Обединетите наци во која ќе се побара прекин на огнот во конфликите низ целиот свет за време на пандемијата од коронавирусот.
И покрај брифирањата за можен напредок, дипломати велат дека несогласување кое ги попречува тие напори се инстистирањето на САД и Кина поврзани со споменувањето на Светската здравствена организација во документот.
Американскиот претседател Доналд Трамп неколку пати ја обвини Кина за ширење на САРС-КОВ-2 коронавирусот од Кина низ светот, откако тој се појави во централна Кина во декември и вели дека СЗО е наклонета кон Пекинг и ги промовира „кинеските дезинформации“.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш,пак, на 23 март побара прекин на огнот во сите конфликти низ светот за да може земјите да се фокусираат на борба против пандемијата. Од коронавирусот досега се инфицирани околу четири милиони луѓе, а починаа над 275 000. Шест недели по ваквиот повик на Гутереш, неименувани дипломати велат дека двете земји, Кина и Русија, најавиле вето на нацрт резолуцијата која ја поднесоа Франција и Тунис поради споменувањето на СЗО.
Трамп го суспендираше американското финансирање на СЗО наведувајќи дека организацијата мора да биде одговорна за нејзините акции поврзани со ширењето на коронавирусот и наводно се спротиставува на споменувањето на СЗО во текстот на резолуцијата. Пекинг, како што се брифира, сака во текстот да се споменува улогата на СЗО во борбата со пандемијата. За да помине за резолуцијата треба да гласаат девет од 15 членки на Советот за безбедност на ОН, но Британија, Кина, Франција, Русија и САД имаат право на вето.