Еден од седуммина Американци останаа без работа минатиот месец. Ова е највисокото ниво на отпуштања по големата депресија од 1930-тите. Причината за тоа е брзото ширење на коронавирусот кој ги принуди дел од бизнисмените да ги затворат своите производствени објекти низ целата земја. Американските надлежни институции денеска објавија дека 20,5 милиони луѓе ги загубиле своите работни места во текот на април, и дека е забележана најголемата месечна загуба досега регистрирана, со што стапката на невработеност во земјата изнесува 14,7 проценти.
Коронавирус се заканува дека ќе ја испрати американската економија во остра рецесија, имајќи в предвид дека само до февруари стапката на невработеност беше околу 3,5 проценти.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој се кандидира за повторен избор за оваа година, денеска изјави дека очекува оти изгубените работни места наскоро ќе си ги вратат граѓаните, откако ќе се сузбие ширењето на вирусот.