Премиерот Оливер Спасовски објави дека економскиот совет на СДСМ дефинирал нов пакет мерки за заживување на економијата и иден подинамичен развој.
„Мерките треба да креираат додадена вредност за да се реконструира економијата, во правец на директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка, дополнителен стимул за компаниите за иден, подинамичен развој на македонската економија и вложување во домашното земјоделство“, наведува Спасовски во објавата на неговиот официјален профил на Фејсбук.
Тој натаму потенцира дека следува период кога Владата, министерствата и директорите на економските институции ќе разговараат со синдикатите, коморите и сите други соодветни институции и ќе ги објавуваат овие мерки.