Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за тоа колку ќе трае полицискиот час претстојниот викенд, соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека ќе се разгледуваат и можностите за олабавување на мерките кои би важеле од следната недела и според препораките на стручните лица, кој ќе биде редоследот за враќање на процесите и нормализирање на состојбата, вклучително и дали ќе има услови за одржување избори.
Министерот Филипче соопшти дека Центарот за јавно здравје- Скопје и Институтот за јавно здравје го завршиле планот за скрининг кој треба да почне следната недела. Се работи за околу 400 до 500 тестови согласно со индикациите по критични групи на граѓани.