Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција рече дека ќе ги почекаат ставовите на лидерската средба во вторник кај претседателот Стево Пендаровски и ќе излезат со коментар за одржување на избори.
„Да видиме какви ќе бидат проценките на Советот за безбедност, каков ќе биде ставот на претседателот Пендаровски, па потоа може да излеземе со коментар на самата лидерска средба која ќе се случи веќе во вторник“, рече Мицкоски и додаде дека кога и да се бидат изборите, неговата партија ќе победела, но дека најважно е сега здравјето на граѓаните.
Мицкоски рече дека се надева „оти епидемиолозите кои треба да кажат дали има здравствени услови за избори, ќе постапат како лекари под заклетва“.