За нас ЕУ е стратешка цел, но јас нема никому да му се додворувам и да зборувам против Кина и Русија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за РТС, јави МИА од Белград. Шефот на српската држава вели дека на Самитот ЕУ - Западен Балкан, Србија ја потврдила својата заложба за членство во ЕУ.
- Ковид-19 во руското и кинеското влијание на Балканот
- Србија и Кина: „Челично пријателство“ во време на корона
Вучиќ вели дека сака помалку да се зборува за перспективата, а повеќе за процесот на проширување на Унијата и дека на онлајн Самитот биле доминантни три теми - економското закрепнување по пандемијата, продолжување на реформите и процесот на пристапување во ЕУ.