Лидерот на владејачката полска партија Закон и правда, Јарослав Качински, објави дека е постигнат договор за одложување на претседателските избори и дека допрва треба да се избере нов датум за нивно одржување.
Избори во пандемија: Безбедност на гласачите или на гласот
Претседателските избори беа закажани пред неколку месеци за 10 мај, но пандемијата на коронавирусот и забраната за движење ги наруши подготовките за нивно одржување. Партијата на Качински сакаше изборите да се одржат на 10 мај, но со гласање по пошта. Сепак, многумина во Полска изразија загриженост дека изборите може да не бидат фер заради таквото гласање.