Претседателот Доналд Трамп изјави дека неговата работна група за коронавирус ќе го насочи фокусот кон заживување на американскиот бизнис и социјалниот живот. Тоа предизвика лидерот на демократите во Конгресот Ненси Пелоси да предупреди дека игнорирањето на науката и на потребата од повеќе тестирања ќе ги стават Американците во ризик.
Трамп ќе ја распушта работната група за коронавирусот
Во серија твитови во средата, Трамп наведува дека заради неговиот успех „Работната група ќе продолжи на неодредено време да работи врз безбедноста и отворањето на општеството“. Во оваа работна група до вчера имаше медицински експерти фокусирани врз борбата против пандемијата, од кои некои на моменти нудеа насоки во спротивност со Трамп, вклучително и за тоа кога да се олеснат рестриктивните мерки.