Лидерите на земјите членки на Европската унија, челниците на ЕУ, како и лидерите на земјите од Западен Балкан донесоа и прифатија заедничка декларација од Самитот на ЕУ за Западен Балкан, во која ЕУ уште еднаш ја потврди својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, додека земјите од регионот ја реафирмираа својата посветеност кон европската перспектива како цврст стратешки избор.
Декларацијата од Загреб, информираат од владината прес-служба, ја адресира и кризата со коронавирусот и ЕУ се залага за своите партнери од Западен Балкан и останува посветена на активна поддршка на нивните напори за борба против коронавирусот и за справување со последиците врз општествата и економиите.
Во заедничката декларација се потенцира дека ЕУ и земјите од Западен Балкан заедно се борат против коронавирусот и со последиците од пандемијата КОВИД-19. ЕУ мобилизираше многу бргу пакет од над 3,3 милијарди евра во корист на земјите од Западен Балкан.