Ставот на ДУИ во врска со изборите е дека треба да се исполнат два критериуми за одржување на избори - едниот е Комисијата за заразни болести да каже дека таков процес нема да загрози здравје на граѓаните и второ – ОБСЕ/ОДИХР да констатира дека можат да ги следат изборите, изјави денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.
Вицепремиерот рече дека вториот услов бил споменат и по вчерашната комуникација со телата на ЕУ, кои, како што посочи Османи, сметаат дека одлуката за избори е наша, меѓутоа е многу важно да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР во изборниот процес.