Нуредини: Шар Планина национален парк, Осогово под заштита

Архивска фотографија - Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини

Шар Планина и Осоговските планини се додаваат на листата заштитени подрачја, објави на денешната прес-конференција министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

„Шар Планина се прогласува за Национален парк, додека Осогово е прогласено за заштитено подрачје од категорија- 5“, изјави Нуредини и додаде дека иницијативите на Министерството биле усвоени на вчерашната владина седница.