Трамп ќе ја распушта работната група за коронавирусот

Претседателот Трамп за време на посетата на фабрика за заштитни маски во Сризона, САД

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека Белата куќа постепено ќе ја распушти работната група за борба против коронавирусот, во време кога земјата влегува во втората фаза на борба со последиците од пандемијата, пренесува „Ројтерс“. Тој за време на посетата на фабрика за маски во Аризона, рече дека американскиот потпретседател, Мајк Пенс, и работната група направиле одлична работа.

„Но, сега разгледаме малку поинаква форма и тој облик е безбедност и отворање и веројатно ќе создадеме различна група за тоа“, рече Трамп.

На прашањето дали тоа значи дека е остварена мисијата во борбата против Ковид-19, Трамп одговори негативно.

„Не, воопшто не. Мисијата ќе заврши кога сето ова ќе биде готово“, рече американскиот претседател.