Италија забележа најмал дневен број на новозаразени од коронавирус од почетокот на март. Во претходните 24 часа, регистрирани се уште 1.075 пациенти, со што вкупниот број потврдени кои се заразени е над 213.000. Сепак, лекарите предупредуваат дека вистинскиот број на заразени веројатно ќе биде значително поголем, бидејќи многумина немаат никакви симптоми или се многу благи. Епидемиолозите сметаат дека следењето на бројот на нови пациенти во текот на уште две недели е од големо значење да се види дали ублажувањето на мерките за итни случаи води до ширење на инфекцијата.
Светските лидери ветија 8 милијарди долари за борба против коронавирусот
По осум седмици на рестриктивни мерки, Италија започна со нивното ублажување. Бројот на починати од коронавирусот во Италија вчера се зголеми за 236 и сега вкупно е 29.315. Повеќе починати од Италија имаат САД и од вчера Британија.
Од оваа инфекција во светот се заразени повеќе од 3.700.000 луѓе, од кои над 255.000 починале.