Таџикистанскиот претседател Емомали Рамон го замени министерот за здравство Насим Олимзода само пет дена откако земјата ги регистрираше првите официјални случаи на коронавирус. Рамон изјави дека ги потпишал уредбите и Олимзода сега е на друго работно место, а на неговата функција го назначил Џамолидин Абдулозода.
Министерството за здравство соопшти дека бројот на случаи на коронавирус во земјата е 293, вклучувајќи и пет смртни случаи. Таџикистан тврдеше дека нема заболени, а пред шест дена беа забележани првите 15 случаи.