Кривичниот суд во Скопје не го прифатил предлогот на првообвинетиот во предметот „Рекет”, Бојан Јовановски - Боки 13, во дополнение на доказната постапка како сведок да биде сослушан Горан Николовски, поранешен директор на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање, јави МИА. На ова на денешното рочиште реагирал бранителот на обвинетиот Боки 13, адвокатот Саша Дукоски, кој рекол дека во овој случај се прифатени многу понерелевантни сведоци, како на пример сведокот Христијан Баневски.
Судот одби и дел од доказите доставени од страна на обвинетата Катица Јанева, а прифати да се презентираат како докази извод од сметката на Константин Делкиџаков (татко на Јанева) и приватна тужба од Катица Јанева за Бојан Јовановски - Боки 13.
„Приватната кривична тужба е поднесена на 13 март 2020, заради неовластено снимање. Досега судот уште нема преземени дејства“, рече Ирена Фрчковска, адвокатката на Јанева.
Следното рочиште е закажено за 7 мај, кога обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 ќе треба да ја даде својата одбрана.