Коронавирус: здравје над економија

илустрација

Две третини од повеќе од 13.200 испитаници во 11 држави, вклучително и Кина, Франција, Германија, Индија, Мексико, Саудиска Арабија и Соединетите Држави се согласуваат дека нивните влади треба да му дадат приоритет на зачувувањето на животи, а не на рестартирањето на економиите.

Што се треба да знаете за ковид-19?

„Сложено е затоа што имате две кризи истовремено - здравствена и економска“, рече Ричард Еделман, главен извршен директор на американската фирма за комуникации Еделман, што го направи истражувањето, додавајќи: „Но, луѓето велат: Веќе имавме шест до седум недели од ова ограничување, што е уште една недела или две? “