Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го претстави „планот за нормализација“ за постепено ублажување на донесените мерки за борба против коронавирусот. „Ако не се почитуваат правилата и епидемијата повторно се прошири, ние ќе бидеме принудени да воведеме построги мерки“, рече тој, додавајќи дека планот за олабавување на мерките е добар „камен-темелник“. Во телевизиското обраќање по состанокот на кабинетот, Ердоган рече дека трговските центри ќе бидат отворени од 11 мај, како и берберниците, фризерниците и салоните за убавина. Ќе бидат укинати рестрикциите за влез и за излез за седум градови каде што епидемијата е ставена под контрола, но истата мерка ќе остане на сила за 24 града, меѓу нив Истанбул и Анкара.
Турција со најмал број починати од „ковид-19“ во последниот месец
Луѓето над 65 години кои изминативе шест недели биле ограничени од движење, ќе можат да излезат надвор четири часа на 10 мај, кога остатокот од населението ќе биде подложен на наредба за ограничување на викендот. Во последните 24 часа 64 лица починаа од ковид-19, а 1.614 се ново заразени, рече турскиот министер за здравство Фахретин Коча. Досега починале над вкупно 3.460 луѓе