Светските лидери денеска ветија 8 милијарди американски долари за борба против пандемијата на коронавирус, изјави шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лејен.
„За само неколку часа, ние ветивме 7,4 милијарди евра (8,07 милијарди американски долари) за вакцини, дијагностика и третман против Ковид -19“, рече фон дер Лејен.
Таа вели дека тоа ќе помогне за невидена глобална соработка.
Шефицата на европската комисија ја водеше теле-конференција на која светски лидери и филантропи собираа пари за зајакнување на потрагата по вакцина против коронавирус. Но вкупната сума е помала од целта на настанот, оти се очекуваше да соберат 7,5 милијарди евра (8,2 милијарди долари).
На видео-самитот, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека ветената сума е само аванс за она што ќе биде потребно за борба против вирусот.
„За да стигнеме до секого, насекаде, најверојатно ни требаат пет пати повеќе од таа сума“, рече Гутереш.
Меѓу поголемите придонеси, Јапонија вети повеќе од 800 милиони долари, додека Германија понуди 525 милиони евра. Италија и Шпанија, можеби најтешко погодени од вирусот во Европа, рекоа дека секоја ќе обезбедат по повеќе од 100 милиони евра.