Македонските власти ќе се координираат со соседните земји за стратегија за годишните одмори и патувања во време на пандемијата во летните месеци, рече министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашање на денешната прес-конференција. Филипче рече дека неговиот грчкиот колега го информирал дека тие планираат отворање на границите во јуни. По координацијата со соседите ќе може да се донесат мерки коишто ќе ги почитуваат сите граѓани, од сите околни земји, ако патуваат било каде, вели министерот.
Во однос на Словенија, која им препорачала на своите граѓани да патуваат со автомобили до блиски дестинации и да не користат авиони и бродови, министерот смета дека има логика во тоа, но се поставува прашање, дали и странците би ги почитувале тие препораки.
Министерот рече дека за утре е закажан состанок на Светската здравствена организација за регионов, а и на самит на ЕУ во среда, исто така, на агендата е дискусија за т.н. излезна стратегија од Ковид-19.