Над 5000 фирми се пријавиле за помош од 14.500 денари

Илустрација

За државната помош од 14.500 денари, според податоците од УЈП, до сега аплицирале 5.350 компании, информираше денеска потпретседателот на владеачкиот СДСМ, Коста Петров.

„Од нив 4.197 веќе се трансферирани во системот на УЈП. Апелирам до сите компании кои се уште немаат аплицирано за оваа финансиска поддршка, да го направат тоа што побргу преку системот за е-даноци на УЈП. Апликациите за месец април, треба да се достават најдоцна до 7ми мај“, рече Петров.

По бескаматните кредити од линиите „Ковид 1″ и „Ковид 2″, во вкупен износ од 13,7 милиони евра, Петров најави дека наскоро, преку комерцијалните банки, ќе биде пласирана и линија на евтини кредити во износ од 51 милион евра.