Конгресот бара објаснување зошто САД веќе не ја финансираат СЗО

Елиот Енгел

Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес побара од Стејт департментот до денеска да изготви документи со кои ќе ја објасни одлуката на претседателот Доналд Трамп за кратење на средства на Светската здравствена организација во услови на пандемија на коронавирус. Претседателот на Комисијата демократот Елиот Енгел, деновиве предупреди дека Конгресот може да го принуди Стејт департментот да ги предаде документите ако тоа не го стори до 4 мај во 21 часот по средноевропско време.

Дали СЗО е таа што треба да го запре ковид-19?

Енгел ја оцени улогата на ова тело на ОН за „непроценлива“ и обвини дека Трамп со одлуката за нефинансирање сакал да го одврати вниманието на јавноста од сопствените неуспеси во соочувањето со вирусот, кој инфицира над три иполмилиони луѓе ширум светот.