Едно убиство и четири самоубиства бележи билтенот на полицијата откако почнаа рестриктивните мерки во државава поради коронавирусот. Еден случај од самоубиствата кој е регистриран во Штип е поврзан со Ковид-19. Лицето како причина за самоубиството во последната порака ја посочило расправијата со сопругата околу коронавирусот. Во истиот период регистрирани се и 9 обиди за самоубиство за кои досега не е утврдено дека се поврзани со вирусот.
Според статистиката на МВР во однос на семејното насилство од 12 март до 12 април регистрирани се 79 кривични дела сторени при семејно насилство, што претставува намалување за 28 отсто во однос на претходниот период, кога биле регистрирани 109 кривични дела.
Во делот на прекршоците регистрирани се 32 прекршоци што претставува намалување за 33 отсто во однос на истиот период од претходната година. Од прекршоците, најголемиот дел или 55 отсто се регистрирани на подрачје на СВР Скопје, потоа во СВР Штип 16,6 отсо и СВР Куманово 10,8 отсто, додека во СВР Битола, СВР Велес и СВР Струмица не е регистриран ниту еден прекршок.