МИМ: Пандемијата покажа колку се важни проверени информации

илустрација

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска упати честитка по повод Светскиот ден на слободата на медиумите во која истакнува дека пандемијата покажала колку е важно граѓаните да имаат пристап до веродостојни и проверени информации базирани на факти обезбедени од кредибилни извори.

„Зголемениот интерес на граѓаните правилно да се информираат за пандемијата ја потврдува неопходноста од постоење на здрава општествена средина што ќе го поттикнува унапредувањето на новинарството како неопходно општествено добро, но и развојот на медиумската индустрија како важна економска дејност“, посочува МИМ.

Оттаму оценуваат дека кризата уште повеќе ја покажала сериозноста на проблемот со дезинформациите на социјалните мрежи.