Над 3.308.000 коронапозитивни во светот, најпогодени САД

Во светот досега се регистрирани над 3.308.000 заболени од коронавирус, починале повеќе од 234.000 луѓе, а оздравеле 1.042.000. Во САД, како најпогодена држава во моментов, во последните 24 часа од коронавирус починале 2.053 лица, соопшти американскиот Универзитет Хопкинс и додава дека веќе трет ден по ред дневниот број на смртни случаи е поголем од 2.000.

Во САД, кои се најлошо погодени со пандемијата, досега починале 62.906 луѓе, се наведува во извештајот од универзитетот, кој секој ден го соопштува билансот на починати и заразени. По САД, земји кои се најмногу погодени со новиот вирус се Италија со 27.967 починати, Велик аБританија со 26.711, Шпанија со 24.543 и Франција со 24.376 починати.