Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека жали за недостигот на подготвеност на светските сили и поделената меѓународна заедница да се борат со новиот коронавирус, а особено за несоодветната поддршка за сиромашните земји. Одговарајќи на прашања за глобалното лидерство, Гутереш на прес-конференција во Њујорк рече дека меѓународната заедница е поделена кога е „потребно повеќе од кога и да е“ да се обедини.
„Постои неповрзаност помеѓу лидерството и моќта. Ние гледаме примери на лидерство, но тие обично не се поврзани со моќта. И, каде што гледаме моќ, понекогаш нема неопходно лидерство“, рече Гутереш и додаде дека се надева оти тоа ќе се надмине наскоро.