Со денешните 111 оздравени случаи од коронавирусот, за прв пат од појавување на првиот случај на заразен пациент, има повеќе оздравени отколку заболени. Во моментов има 738 оздравени, додека активни случаи се 650 лица.
„За прв пат имаме повеќе оздравени отколку активни случаи. Имаме 738 оздравени, и во моментов имаме активни 650 случаи. Утрово разговараме на Комисијата за заразни болести, и констатацијата е дека се намалуваат индикациите за тестирања, како во пунктовите и во приватните лабаратории, и ова оди во насока на стишување што го очекувавме во овој период“, рече министерот за здравсво Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Министерот додаде дека има протоколи изготвени за јавен превоз, работа на фабрики и други субјекти, и тие ќе бидат презентирани идната недела.
„Со ова ќе олабавуваат мерките постепено. Денес за прв пат е екстрахирана плазма од двајца пациенти и таа ќе биде аплицирана на други пациенти“, рече Филипче.