Најголем економски пад во ЕУ во последните 25 години

Илустрација

Економијата на ЕУ и еврозоната забележа најголем пад на активности во изминатите 25 години, покажаа првите прелиминарни проценки на Европскиот завод за статистика објавени денеска. На ниво на Европската унија, економијата се намали за 3,5 проценти во однос на претходниот квартал, кога активноста се зголемила за 0,2 проценти, покажуваат проценките засновани на сезонски прилагодени податоци.

Економијата во еврозоната опадна за 3,8 проценти во однос на претходниот квартал кога порасна за 0,1 проценти. Во двете области, падот на БДП е најголем од 1995 година, посочува Евростат. На годишна основа, сезонскиот приспособен БДП на ЕУ падна 2,7 отсто во првите три месеци од оваа година, најмногу од глобалната финансиска криза во 2009 година. Во последните три месеци од минатата година, тој порасна за 1,3 проценти.