Германската канцеларка Ангела Меркел денеска треба да се сретне со шефовите на шеснаесет германски сојузни покраини во врска со натамошните чекори во ослободувањето на строгите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во Германија. Притоа, како што известуваат германските медиуми, е можно да биде донесена одлука за продолжување на сезоната во германската прва фудбалска лига.
Меркел: Не сме на крајот на пандемијата, уште сме на почеток
Претходно, регионалните министри за спорт соопштија дека е „оправдано“ лигата да продолжи „на празни стадиони од средината или крајот на мај“. Во средината на март фудбалот во Германија беше суспендиран поради коронавирусот. Германската фудбалска лига во минатата недела објави дека е подготвена да продолжи на 9 мај, зад затворени врати, со строги мерки за хигиена и играчите да бидат тестирани редовно.