Вируси и плати
СРБИЈА - Многу влади во централна и јужна Европа, а особено во Западен Балкан, ја искористија вонредната состојба за пандемијата за зајакнување на извршната власт и за масовно ограничување на слободите, но Србија е земја чии власти отидоа најдалеку во ограничување на владеењето на правото, пишува германскиот весник Шпигел.
МАКЕДОНИЈА - Здружението на судии, кое беше еден од иницијаторите против кратењето на платите на судиите, смета дека е во ред одлуката на Уставниот суд за запирање на кратењето на платите на судиите, пратениците, функционерите...
МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти, 2 починати и 21 новозарезан со коронавирус во последните 24 часа.
САД - Членот на Претставничкиот дом на САД, Џастин Амаш, кој ја напушти Републиканската партија поради неговите критики кон претседателот Доналд Трамп, објави денеска дека се подготвува да се кандидира на претседателските избори. Независниот 40-годишен пратеник од Мичиген ќе бара номинација на Либертаријанската партија, која промовира граѓански слободи и ограничена влада..
КОСОВО - Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, објави дека е постигнат договор со Демократскиот сојуз на Косово за формирање нова заедничка влада, која ќе ја води потпретседтелот на Демократскиот сојуз на Косово, Авдулах Хоти, јави МИА од Приштина.
АВГАНИСТАН - Три лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија на бомба на 11 километри од главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.
КУБА - Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска Куба. Епицентарот на земјотресот беше на 48 километри југоисточно од регионот Баракоа, на длабочина од два километра.