Од Народна банка соопштија денеска дека банкарскиот систем е подготвен да се справи со шокот од корона-кризата. Во извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2019 година кој беше усвоен на редовната седница на Народната банка се наведува дека системот е здрав и стабилен и поставен на цврсти основи, како и дека е подготвен да се справи со различни шокови, вклучително и со неповолните ефекти од тековната здравствена криза.
„Народната банка, преку постојаното унапредување на стандардите во согласност со европските регулативи, но и банките со нивното прудентно однесување, овозможија одржување висока и стабилна ликвидност и солвентност. Ова се двата основни столба на стабилноста на банкарскиот систем, чии обем и квалитет секако ќе придонесат банките полесно да се справат со предизвиците коишто ги носи појавата на коронавирусот“, соопшти НРБМ по седницата.