САД преку УСАИД доделија дополнителни 330.000 американски долари за справување со КОВИД-19 во земјава преку грант за Црвениот крст на Северна Македонија. Грантот на УСАИД од 330,000 американски долари за Црвениот крст се дополнување на помошта од 1,1 милион американски долари од Владата на САД доделени на Северна Македонија за намалување на ширењето на КОВИД-19.
Со овој грант ќе им се помогне на најранливите заедници во општеството чијшто секојдневен живот е крајно загрозен од вирусот, вклучувајќи ги старите лица, лицата со попреченост, самохраните родители и семејствата со ниски приходи како и оние кои живеат во затворени заедници.Во следните три месеци, Црвениот крст на Северна Македонија ќе дистрибуира 4.200 пакети со храна, 4.200 пакети со средства за хигиена, 3.000 пакети со средства за дезинфекција и 1.000 пакети за бебиња.
- Примена донацијата од САД за С. Македонија од 1 милион долари
- Брнс до граѓаните: Вирусот може да се запре само со заедничка работа
„Во име на САД, чест ми е што можеме да оствариме партнерство со Црвениот крст за да обезбедиме помош за ранливите групи погодени од КОВИД-19“. Овие напори на Црвениот крст претставуваат солидарност на највисоко ниво, како што изјави претседателот Пендаровски неодамна. Почестена сум бидејќи САД можат да бидат дел од солидарноста заедно со Црвениот крст и сите останати кои колективно се справуваат со КОВИД-19“, рече амбасадорката на САД во Скопје, Кејт Мери Брнс.
Во изминатите 20 години, САД имаат инвестирано над 11,5 милиони американски долари само за здравството и повеќе од 738 милиони американски долари вкупна помош за Северна Македонија.