Министрите за туризам на ЕУ договорија заеднички документ за патување

илустрација

Министрите за туризам на ЕУ се согласија да изготват заедничка патна исправа, која ќе важи за сите земји на ЕУ, изјави хрватскиот министер за туризам, Гари Капели. Тој по видео-конференцијата на министрите за состојбата со европскиот туризам, ефектите од коронавирусот и мерките и условите за туристите, рече дека документот, кој некои го нарекуваат „корона пасош“, ќе се однесува на делот од здравството и безбедноста на патниот протокол.

Туризам во карантин: Ќе има ли летна сезона 2020 година

Капели рече дека е договорено и дека треба да постои заеднички план за управување со кризи, без оглед на индивидуалните планови во земјите-членки.