Почнува приемот на апликации за кредити без камата

Банкноти по 1000 денари

Банкноти по 1000 денари

Од денеска, па во наредните 15 дена, ќе се примаат електронските апликации за бескаматните кредити од втората линија - „Ковид 2“, а која се однесува за компаниите од сите дејности, со максимален број на 250 работници и со намален приход за 30 отсто во однос на истиот месец од претходната година, или пак во однос на просекот од претходната година. Бескаматната втора кредитна линија изнесува 8 милиони евра, добиената сума треба да се врати за 3 години со вклучен грејс период до 12 месеци, а отплатата на кредитот од страна на кредитокорисникот ќе се врши квартално.

Пари за ништо - може ли тоа да е решение за економската криза?

Првата кредитна линија “Ковид 1“ изнесува 5,7 милиони евра и се однесува само на компаниите од секторите туризам, угостителство и транспорт. Директорот на Развојната банка, Кире Наумов изјави дека, според дотогаш разгледаните апликации условите за кредит ги исполниле 584 компании со повеќе од 5.000 вработени, а вкупниот износ на кредит за овие фирми е 4,4 милиони евра, што значи дека има уште апликанти и уште расположливи пари.