Од денеска лекување на заболените од Ковид-19 со крвна плазма

Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче од домашна изолација

Од денеска почнува лекувањето со крвна плазма на заболени со Ковид-19, а во болницата „8 Септември“ ќе започне и лекувањето со озонотерапија, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека точната терапија за лекување на болните од овој вирус во светски рамки допрва ќе се утврдува и дека Македонија е дел од студијата со повеќе земји во светот во која ќе се утврдуваат еден од четирите начини со коишто оваа болест ќе се лекува со соодветна терапија и со соодветен пристап.

Влада: Немаше ни владина седница, а камо ли кавга за 1 Мај

Инаку, Филипче иформира дека на денешната седница владата ќе го разгледува предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести за првомајските празници да биде воведен полициски час сличен на оној за Велигденските празници. Тоа значи дека полицискиот час треба да почне вечерта в четврток до понеделник на утро, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.