Нема можност за свикување на распуштениот парламентраен состав. Собранието може да се врати само по следните избори, изјави претседателот на Парламентот Талат Џафери за „Клик плус“ на ТВ21. Џафери вели дека секој друг начин освен по избори за заседавање на Собранието е обид за пуч. Тој наведе дека се вршел притисок врз него за повторно свикување на пратениците и заседавање на Парламентот, но, како што нагласува, „со Собранието е веќе завршено“.
Барањето за свикување на Собранието е кај Џафери, ВМРО-ДПМНЕ е против
“На 16-ти февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. Собранието ќе се собере по наредните избори”, рече собранискиот спикер, коментирајќи ја иницијативата за повторно свикување на законодавниот дом.