Новозеландската премиерка, Џасинда Ардерн, изјави денеска дека успешно е стопирано ширењето на вирусот Ковид-19 во земјата, односно дека вирусот „во моментов е елиминиран“. Таа изјави дека не се регистрирани нови случаи во таа земја. Изјавата на Ардерн дојде неколку часа пред земјата да го укине највисокото ниво на социјални ограничувања, пренесе АФП.
„Ја стартуваме економијата. Ја добивме битката, но мора да останеме внимателни. Нема да ризикуваме со здравјето на нашите граѓани. Ако е потрбно ќе одиме и на ниво 3“, рече премиерката.
Ардерн изјави дека Нов Зеланд ќе имал повеќе од 1.000 новозаразени секој ден, ако на време не вовеле ограничувања. Ограничувањата предвидуваат собирање во мали групи, односно со семејството и пријателите, со почитување на оддалеченост од два метра, сепак се забранети масовни собири и затворени се трговските центри, како и училишта и граници.