Путин потпиша закон со кој се менува датумот на кој заврши Втората светска војна

Архивска фотографија- рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин и покрај критиките од неговиот Совет за човекови права го потпиша указот со кој стапува во сила законот кој предвидува завршувањето на Втората светска војна да се одбележува на трети септември, иако повеќето земји во светот го одбележуваат на втори септември.

Законот денеска ја појави на владината база на податоци на усвоени закони. Крајот на Втората светска војна меѓународно е прифатено да се одбележува на втори септември бидејќи на тој датум во 1945 година Јапонија официјално се предала. Но, во законот кој претходно беше усвоен од руската државна дума се предвидува дека во Русија треба да се одбележува трети септември како крај на Втората светска војна бидејќи тогаш војската на поранешниот Советски сојуз ги победила јапонските војници. Претседателскиот Совет за човекови права го нарече потегот грешка.

Јапонија и Русија никогаш немаат потпишано договор за формално завршување на војната поради несогласувањата за Курилските острови кои советските трупи ги заземаа на крајот на војната.