Самитот ЕУ – Западен Балкан ќе се одржи на 6 мај преку видео врска

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, соопшти дека самитот ЕУ – Западен Балкан што требаше да се одржи во Загреб, ќе се одржи преку видеоконференција на 6 мај. Ова било договорено на вчерашната видео средба на шефовите на држави и влади на ЕУ, на која главна тема беше излезот од економската криза предизвикана од коронавирусот.

EП: Луѓето од Западен Балкан треба да имаат корист од фондовите на ЕУ

Самитот ЕУ – Западен Балкан треба да биде прилика за лидерите од регионот и од ЕУ да разговараат за главните политички и економски предизвици со кои се соочуваат, како и за зајакнувањето на односите. На овој самит нема да се носат одлуки.