Две домашни мачки во државата Њујорк корона позитивни

илустрација

Две мачки во државата Њујорк станаа првите домашни миленичиња кои имаат позитивен тест за коронавирусот во Соединетите држави. Мачките биле од различни области на Њујорк и двете биле однесени на ветеринар кога покажале знаци на блага респираторна слабост. Шефот на американската здравствена заштита за заразни болести Ентони Фаучи претходно изјави дека нема докази оти миленичињата можат да го шират вирусот на луѓето. Сепак, експертите препорачуваат сопствениците да не дозволуваат нивните миленици да комуницираат со луѓе или други животни надвор од домаќинството, што значи дека мачките треба да се чуваат внатре, а кучињата да се држат на најмалку шест метри од други животни и луѓе.

Тигрица во зоолошката градина Бронкс позитивна на коронавирусот

Пет тигри и три лавови во зоолошката градина Бронкс, исто така, имале позитивен тест за ковид-19. Ваботените во зоолошката градина изјавија дека сите се однесувале нормално.