Во Британија денеска ќе започне тестирање на две потенцијални вакцини за новиот коронавирус кои ги финансира владата. Британскиот министер здравство Мет Ханкок изјави дека Британија е во првите редови на глобалните напори за вакцинирање и ќе обезбеди финансиска помош за ветувачки и тековни проекти на универзитетот Оксфорд и на Империјал колеџ во Лондон.
ЕУ - Донаторска конференција за вакцина против Ковид-19
Проектот на Империјал колеџ ќе добие 22,5 милиони фунти како во помош во втората фаза на клиничките испитувања, додека во Оксфорд, за тестовите врз човек кои ќе започнат денеска владата ќе издвои 20 милиони фунти. Ханкок беше претпазлив во врска со можноста за успех, изјавувајќи дека процесот за развој на вакцините е пробен.