Американскиот претседател Доналд Трамп ја потпиша извршната наредба за спречување на имиграцијата, во потег за кој вели дека ќе ги заштити американските работници среде економската криза од појавата на коронавирусот. Трамп изјави дека новата 60-дневна забрана ќе важи за оние кои бараат постојан престој, или „зелени картони“ да живеат во САД, но не и за привремените работници. Забраната може да биде обновена за уште 60 дена или подолго.
За две недели во САД двојно се зголемил бројот на заразени - 800.000
Овој потег може да се соочи со пречки, пред се да се најде на суд во некои американски држави. Критичарите исто така велат дека на оваа нова политика на Трамп гледаат како на обид да се одвлече вниманието од неговиот одговор на пандемијата на коронавирусот, во обид да биде реизбран во ноември годинава.