ОПЕК одржа видео конференција за драматичната состојба со нафтата

илустрација

Повеќе земји членки на ОПЕК и други производители на нафта надвор од организацијата одржаа видео конференција за „драматичната состојба“ на пазарот со нафта, чии цени забележаа историски пад поврзан со коронавирусот. За време на таа „неформална“ конференција, учесниците потврдија дека ќе го прилагодат производството на нафта според договорот постигнат на 12 април, кој предвидува намалување на производството од 9,7 милиони барели на ден од мај.

Цените на нафтата паднаа во минус за прв пат во историјата

Цените на нафтата паѓаат неколку недели како резултат на ограничувањата за движење воведени во многу земји и парализата на економиите предизвикани од пандемија на коронавирусот, поради што нема побарувачка. Завчера цената на американската нафта беше негативна за прв пат во историјата, а тоа е знак дека поради малата побарувачка нема место за складирање на нафтата.