Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека не верува оти лидерите на ЕУ ќе постигнат крајно решение за тоа како да им се помогне на економиите на земјите членки со цел да се опорават од кризата која настана поради пандемијата на коронавирусот на видео-конференцијата закажана за четврток.
Тој истакна дека иднината на ЕУ зависи од пронаоѓањето на заеднички ресурси за решавање на кризата и ги поздрави неодамнешните предлози од Франција и Шпанија.
„Не верувам дека претстојната средба на 27-те лидери ќе најде конечно решение, но ќе направам се, за да се осигурам дека тоа ќе изразува јасен политички пат во единствената разумна насока“, рече Конте.
Битка за спас на светската економија
Тој додаде дека Италија нема да стави вето на користењето на фондот за спасување во еврозоната, бидејќи другите земји, вклучително и Шпанија, рекоа дека се заинтересирани да го користат, но тој повтори дека на него не гледа како на корисна алатка за Италија.