Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 24 излекувани пациенти кои се лекувале во домашни услови: Скопје 4, Дебар 4, Струмица 1, Куманово 1, Штип 3, Прилеп 3, Кочани 5 и Тетово 3.
„Во ГОБ 8 сетпември почина пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина“, соопшти МЗ.
Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на ковид-19. По градови: Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2. Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1231.
Последните податоци по градови е: Скопје – 411, Куманово - 340, Дебар - 51, Штип - 34, Прилеп –117, Тетово – 60, Струга – 55, Велес – 59, Битола –17, Охрид –15 Кавадарци - 4, Гостивар –13, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш - 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2 и Пехчево- 1.
Во изминатото деноноќие направени се 207 теста. Преку ИЈЗ –201, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –6 и Систина со PCR метода -0. Досега во земјата се направени вкупно 12340 тестирања на ковид -19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани вкупно 60 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка, а 4 се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ се хоспитализирани 45 пациенти. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти, а 5 пациенти се на респираторна машина. Во Битола се хоспитализирани вкупно 13, а на домашно лекување се следат 15 пациенти. Во болницата во Штип, на болничко лекување се 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.